Октал Пхарма ДООЕЛ (понатаму во текстот: ОКТАЛ ПХАРМА) ја почитува вашата приватност и ги темели своите интернет-страници на технологии што овозможуваат подобро и посигурно искуство на интернет. Оваа изјава за заштита на приватноста се однесува на собирањето и обработката на вашите лични податоци, т.е. на употребата на колачиња (cookies) на веб-страницата www.oktal-pharma.mk.
За обработката на податоците одговорна е:
Октал Пхарма ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, бул. „Македонска војска“ 20/10, 1000 Скопје, Северна Македонија.
Со цел да се одржи функционалноста на интернет-страниците и да се овозможат услугите што корисниците ги бараат, ОКТАЛ ПХАРМА на оваа веб-страница може да собира и употребува лични податоци на корисникот.
Преку веб-страницата www.oktal-pharma.mk, зависно од потребата, можно е да се собираат лични податоци како што се име и презиме, адреса на е-пошта, домашна или деловна адреса и телефонски број. Со внесувањето на личните податоци во полињата предвидени за тоа, давате согласност податоците да се користат за целта за која се дадени.
ОКТАЛ ПХАРМА собира податоци за вашиот компјутер. Овие податоци можат да вклучуваат ваша IP-адреса, тип на прелистувач, време на пристап и адреси на веб-страници.
ОКТАЛ ПХАРМА може да ги користи наведените податоци за да ви овозможи ефикасна корисничка услуга, полесно користење на веб-страниците без потреба од често внесување на истите податоци или прилагодување на веб-страниците кон вашите лични склоности и интереси.
ОКТАЛ ПХАРМА не го продава, не го изнајмува и не го дава на заем списокот на корисници на своите страници на трети страни. Со обврска за чување на доверливоста, ОКТАЛ ПХАРМА може да споделува податоци со доверливи партнери за одредени цели: изработка на статистички анализи, обезбедување корисничка поддршка, организација на достава или постапки за вработување. На секоја таква трета страна ѝ е забранета понатамошна обработка на вашите лични податоци.