Bioline Products
Enterosgel® е орален цревен адсорбент (ентеросорбент) на база на органски минерал кој има способност да ги адсорбира токсичните и штетните супстанции во цревата (на пр. ендотоксини, ентеротоксини), физички врзувајќи ги за својата површина, со што ја намалува зачестеноста на столицата и траењето на пролив. Од телото се отстранува со столицата.
Enterosgel® орална суспензија е наменета за симптоматско лекување на акутен пролив и хроничен пролив поврзан со синдромот на иритабилно дебело црево.
Повеќе за брендот
Enterosgel® е сигурна и ефикасна метода на лекување применлива кај разни болести.
Може да се применува и во комбинација со други форми на лекување.
Медицински производ
Отстранување на штетни супстанции
Ентеросорпцијата е адсорпција на супстанции од дигестивниот систем на ентеросорбенс применет преку уста. Има улога во отстранување на микроорганизми (бактерии и вируси), различни токсини и други штетни супстанции од дигестивниот систем.
адсорпција = површински процес на врзување на молекули, јони или атоми од гасови или течности на површината на цврста супстанција (адсорбенс, ентеросорбенс)
Ентеросорпцијата е сигурна и ефикасна метода, применлива кај разни болести, која може да се применува и во комбинација со други форми на лекување.
Идеалниот ентеросорбент треба да ги има следните својства:
• селективност – способност на својата површина да адсорбира само супстанции штетни за организмот
• висока моќ на адсорпција – побрзо и потполно отстранување на штетните супстанции од организмот
• сигурност при примена – нетоксичност за организмот
• биокомпатибилност – без влијание врз нормалните метаболички процеси
• неутралност – без влијание врз нормалната цревна микрофлора.
Симптоматско лекување на пролив
Активниот состоен дел на препаратот Enterosgel® е органосилициумско полимерно соединение со порозна структура и конзистенција на гел. Благодарение на специфичната големина на порите, делува како „паметен сунѓер” – односно, селективно ги врзува штетните материи (како што се ендотоксини и ентеротоксини) за својата површина и овозможува нивно исфрлање преку столица.
Терапевтската ефикасност на препаратот Enterosgel® е докажана во различни области, како што се лекување на акутна дијареа и хронична дијареа поврзана со синдромот на иритабилно дебело црево.
Enterosgel® не се апсорбира во крвотокот. Не ги врзува за себе „корисните бактерии” во дигестивниот систем. Целосно е безбеден за употреба, дури и кај деца постари од една година, бремени жени и доилки.
Enterosgel® е гел без боја, вкус и мирис. Не содржи конзерванси, глутен, шеќер, засладувачи, лактоза, масти, ароми ниту бои. Не содржи состојки од растително или животинско потекло и е погоден за вегетаријанци и вегани.
Често поставувани прашања
Поврзани статии
Карактеристика на синдромот на иритабилно дебело црево се нефункционалните грчеви на цревата, понекогаш здружени со слично нарушување во работата на хранопроводот и желудникот.
Ако се обидете да го лекувате синдромот на иритабилно дебело црево за време на работното време, можеби ќе ви се чини дека се соочувате со бескрајни пречки, но не очајувајте.
Многу е важно редовно да се чисти телото од токсини, по можност избирајќи чистење на цревата на природен начин, за што се одлучува сè поголем број луѓе кои сфатиле колку е важна грижата за здравјето.
Дури и со строго придржување до споменатите превентивни мерки, не е можно целосно да се спречи потенцијалната појава на дијареа; затоа е важно да се знае што треба да се прави доколку до неа дојде.