ШТО Е ENTEROSGEL® И ЗА ШТО Е НАМЕНЕТ?
ENTEROSGEL® е орална суспензија наменета за: • симптоматска терапија на акутна дијареа (пролив) • хронична дијареа (пролив) поврзана со синдромот на иритабилно дебело црево (Irritable Bowel Syndrome IBS)
ENTEROSGEL® е орален цревен адсорбент (ентеросорбент). Тоа е органски минерал кој има способност да адсорбира одредени токсични и штетни супстанции во цревата (на пр. ендотоксин, ентеротоксини) со физичко врзување за својата површина, што доведува до помала зачестеност на празнење на столицата и пократко траење на дијареата.
ENTEROSGEL® се отстранува од организмот заедно со столицата, така што на тој начин се елиминираат адсорбираните токсини и штетни супстанции, што може да биде корисно во лекувањето на индицираните состојби на акутна и хронична дијареа поврзана со IBS.
ENTEROSGEL® ги намалува симптомите на дијареа, болка во стомакот, надуеност и итност на празнење на столицата кај пациенти со дијареа поврзана со IBS.
ENTEROSGEL® не содржи конзерванси, глутен, шеќер, засладувачи, лактоза, масти, ароми, бои и состојки од растително или животинско потекло.