Кверцетин е супстанца која спаѓа во групата на флавоноиди, распространет во растителниот свет во кората од јаболка и кромидот, во какаото, црвеното овоштие и брокулата. Кверцетинот во Леколид-от (Lekolid) е од екстракт од Sophora Japonica (јапонски багрем).
Куркума или индиски шафран (латинско име: Curcuma longa). Активна состојка: куркуминоиди. Куркумата е една од билките класифицирани како je GRAS – Generally Recognized As Safe Substances – Генерално Признаени Како Безбедни Супстанци, односно материи кои се општо препознаени како безбедни. Нема акутна или хронична токсичност. Кај луѓе е безбедна дури и во големи дози (8 г / ден).
N-acetilcistein е облик на L-cistein-от. L-cistein е хигроскопен и се разградува така што споро оксидира, додека НАЦ е постабилен и подобро се апсорбира. Оваа аминокиселина ја стабилизира структурата на протеините и е потребна а создавања на глутатионот, еден од најзначајните антиоксиданси кои ги отстрануваат слободните радикали кои ја оштетуваат клетката.
ENDOBASP® технологија е иновативна и патетирана технологија, која благодарејќи на синергијата со иницијаторите на апсорпцијата (bromelain, l-arginin, естер на сахароза, piperin) овозможуваат висока биорасположивост на активните состојки на Леколид-от (Lekolid), и истовремено е заслужна и за гастрорезистентната формулација на таблетата.