Октал Пхарма д.о.о. Сараево се соедини со Велфарм д.о.о. Грачаница

Интеграцијата на компанијата Велфарм д.о.о. Грачаница со Октал Пхарма д.о.о Сараево е натамошен чекор во зајакнувањето на позицијата на Октал Пхарма Сараево во Босна и Херцеговина.

На 28.01.2019 година беше реализирана интеграцијата на компаниите Велфарм д.о.о. Грачаница и Октал Пхарма д.о.о. Сараево. Со тоа, компанијата Велфарм д.о.о. за трговија и производство Грачаница, со седиште на улица Златних Љиљана бр. 77, Грачаница, се соедини со друштвото за трговија Октал Пхарма д.о.о. Сараево, со седиште на улица Пијачна бр. 14 А, Сараево.
По спојувањето на Велфарм д.о.о. Грачаница со Октал Пхарма д.о.о. Сараево, Октал Пхарма д.о.о Сараево како правен наследник ќе го продолжи континуитетот на својата работа и работата на Велфарм д.о.о. Грачаница, која се приклучува како подружница во Грачаница.
Сигурни сме дека оваа интеграција ќе резултира со посилни перформанси на Октал Пхарма д.о.о. Сараево на пазарот преку зголемување на ефикасноста на компанијата и преку зајакнување на односите со деловните партнери. Веруваме дека ова ќе доведе до зголемување на нивото н на услугите како и зголемување на бројот на задоволни клиенти и деловни партнери.