Улогата на емолиентите во третманот на атопискиот дерматитис

На научната конференција оддржана по повод 75 години македонска дерматологија беа претставени емолиенс плус производите од линијата Xera Calm.

Во организација на ЈЗУ Универзитетска клиника за дерматологија  во Скопје од 28 февруари до 1 март се оддржа годишна научна конференција под мотото „75 години македонска дерматологија“ на која присуствуваа повеке од 100 дерматолози.

Во рамките на симпозиумот за атописки дерматитис оддржани се стручни предавања под покровителство на Октал Пхарма Македонија.

Доц.д-р Наташа Теовска Митревска од ПЗУ Ремедика општа болница одржа предавање на тема ,, Атописки дерматит и коморбидитети нарушување на сонот и улогата на емолиентите″. Таа посочи дека за време на клиничкиот преглед и третманот на атопискиот дерматитис треба да се земат во обзир бројните коморбидитети. Исто така нагласи дека улогата на емолиентите го подобруваат квалитетот на животот и ја подобруваат клиничкита слика кај АД. 

Др. Томче Поповски од Универзитетска клиника за дерматологија Медицински факултет, Скопје одржа предавање на тема ,,Правилниот избор на емолиент клуч на успешна терапија на атописки дерматитис″.

Тој ги презентираше емолиенс плус производите од Xera Calm линијата преку примери од пракса кои се вклучени во сите упатства за лекување на атопискиот дерматит.