“ХПВ инфекции, цервикална интраепителна неоплазма-менаџмент и третман”

На ден 04.11.2021 година во организација на Македонското Здружение за цервикална патологија и колпоскопија (МЗЦПК) и Македонско Здружение за Хуман Папилома Вирус (МЗХПВ).

На стручно-едукативното предавање свои излагања имаа:

  1. Проф. Д-р Горан Димитров, Претседател на МЗЦПК и МЗХПВ, на тема: “Менаџмент на цервикална интраепителна неоплазма – најнови препораки”, во која истакна дека новите патеки и протоколи во менаџирање на цервикалната интраепителна неоплазма еволуираат до тој степен да се базираат на ризик. Ризикот се пресметува од типот на ХПВ, цитолошкиот наод и хистопатолошкиот наод што воедно дава и смерници за иден третман. Сепак, заклучи Проф. Д-р Горан Димитров дека сите научни докази водат кон тоа да ерадикацијата на ХПВ значи и излекување на пациентката.
 
  1. Проф. Д-р Аљоша Мандиќ, Институт за онкологија на Војводина, Универзитет во Нови Сад, Србија, на тема: “Нормализирање на ХПВ-асоцирани цервикални лезии (ASCUS / LSIL) и клиренс на високоризичен ХПВ со имуномодулатори”, во која истакна дека постојат над 150 суптипови на ХПВ кои се идентификувани и може да се класифицираат во 2 групи, зависно од нивниот онкогенетски капациет, и тоа, вируси со низок ризик на прогресија во канцерогени лезии (LR-HPV) и вируси со висок ризик на прогресија во цервикален канцер (HR-HPV). Инфекцијата со ХПВ сама по себе не е единствениот фактор што ќе придонесе за развој на болеста. Други фактори кои можат да придонесат за развој на болеста се имунитетот, хистолошката структура на ектоцервиксот и трансформациската зона, заедно со состојбата на вагиналната микробиота. Сите овие фактори имаат улога, што сѐ уште е слабо дефинирана, но може да биде клучна во прогресијата или регресијата на инфекцијата. Концептот на „вагинално здравје“ како вагинална состојба во која физиолошките услови и вагиналната микросредина и микробиота не се нарушени, доби зголемен интерес во последните години. Истото се однесува за жените кои не се засегнати со болеста.
 
Дополнително, по завршувањето на научниот дел на стручниот состанок, комерцијално излагање имаше и Д-р Даниела Гиевска, стручен соработник во Oktal Pharma ДООЕЛ Скопје, која ја истакна ефикасноста на Papilocare вагиналниот гел составен од единствена комбинација на природни продукти како хијалуронска киселина, бета глукан, Centella asiatica, Coriolus versicolor, Azadiractha indica, Bioecolia, алое вера. Сите овие природни состојки се инкапсулирани по пат на најнова технологија во ниозомални и фитозомални облици со кои се постигнува висока биорасположливост и ослободување до целните клетки.