Октал Пхарма го прошири своето работење во Унгарија

Превземајќи ја улогата на ексклузивен застапник на производите на Johnson & Johnson Vision во Унгарија, Октал Пхарма ја прошири и зајакна својата регионална присутност

На 26 октомври 2017 година, Октал Пхарма ги започна своите деловни активности во Унгарија, формирајќи го поврзанато Друштво Октал Пхарма Унгарија Кфт. во Будимпешта. Со овој деловен чекор, Октал Пхарма дополнително ги збогати постојните операции во Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и Република Србија и го зајакна своето работење во регионот.
 
Бизнисот во Унгарија во моментот е фокусиран на офталмолошката програма (контактни леќи и решенија за нега на контактни леќи) на производителот Johnson & Johnson Vision, водечки светски производител, чиј ексклузивен претставник е Октал Пхарма Унгарија.
 
Задржувајќи ја едноставноста на процесот на нарачки преку интуитивна, визуелно прегледна и јасна, а истовремено и комплексна и високо интегрирана интернет  продавница за деловни клиенти, Октал Пхарма успеа да ја преземе улогата на ексклузивен претставник на Johnson & Johnson Vision производи со користење на дигитални технологии и високо софистицирани процеси, што беше еден од врвните приоритети кон клиентите и пазарот.