ОПХ Октал Пхарма ДОО Љубљана ги обнови просториите за складирање

Со цел за подобрување на услугата за складирање на робата и нејзино натамошно транспортирање, Октал Пхарма Љубљана во 2019 година го пушти во функција современо опремениот простор за складирање.

Октал Пхарма Љубљана во почетокот на 2019 година започна со обновување на просторот за складирање на роба и истиот е свечено отворен во месец Јуни.

За да се постигне непречено одвивање на работните процеси и да се овозможи нормален проток на робата, зголемен е просторот за складирање, превземање и издавање на робата, а воедно е обезбеден и простор за карантин.

Поставен е систем Exactum за следење на температурата и релативната влажност со соодветен компјутерски систем кој редовно обезбедува температурни извештаи, а истовремено предупредува и за можни отстапувања од пропишаните вредности за температура и влажност. Постоечкиот систем за греење и ладење на целиот простор е дополнително климатизиран, со што е овозможено да има секундарен извор за ладење или греење односно со тоа се постигнува изедначување на температурата на целиот простор за складирање.

Софтверот овозможува брза и сигурна услуга како и брз проток на информации до деловниот партнер. Целокупното функционирање на компанијата е подржано со интегриран информациски систем , ERP и WPS, низ кој се спроведуваат  сите трансакции и се евидентираат сите тековни случувања. Системите се во склад со сите барања на БДП и со тоа е овозможено комплетно следење на производот во однос на валидноста и роковите за следење на серија и издавање според моделот FEFO. Примање и издавање на роба се врши со рачни терминали во склоп на WMS системот, со што потрошувачката на хартија во просторот за складирање е сведена на минимум. Имено современите системи давааат можност за електронско работење, обработка и издавање на нарачки и увид на залихите во секој момент.

Новиот систем воедно овозможува секој производ да биде доставен на точна адреса и тоа во бараниот рок и доколку се случи да се испорача несоодветен производ, истиот може брзо и едноставно да биде откажан.

Обновениот простор за складирање е во склад со постоечките насоки за добра дистрибуциска пракса (DDP), како и со новите директиви за медициндки уреди-(EU)2017 745- кои поставуваат строги барања за нивно складирање, а сигурносниот систем овозможува пристам само на овластените лица со посебна нивна контрола.
Па така со ова ново и повисоко ниво на услуга кое го дава Октал Пхарма Љубљана се гарантира подобра бизнис соработка со постоечките како и со идните бизнис партнери.