Презентирана улогата на Papilocare вагиналниот гел во превенција и третман на HPV инфекции

Преку стручно предавање и примери од пракса беше истакната улогата на Papilocare вагиналниот гел во превенција и третман на HPV инфекции

Во организација на Македонското здружение за хуман папилома вирус, од 25 до 27 Ноември, во Струга, се одржа симпозиум на тема „HPV инфекција и асоцирани болести“, на кој присуствуваа повеќе од 100 гинеколози од Северна Македонија и Србија.
 
Октал Пхарма Македонија зема активно учество на симпозиумот со стручно предавање на тема „Нормализирање на HPV зависни лезии на грлото на матката и клиренс на високоризичните типови на HPV со имуномодулатори“
 
Предавањето го одржа Проф. Д-р Аљоша Мандиќ од Институтот за онкологија во Војводина, каде истакна дека третирањето на HPV инфекциите со Papilocare вагиналниот гел доведува до побрзо исчезнување на вирусот и намалување на интраепителните лезии на грлото на матката.  
 
Тој ги презентираше и сите најнови рандомизирани истражувања од 2021 година, кои го потврдија позитивниот ефект на вагиналниот гел Papillocare во обновувањето и реепителизацијата на цервикалната слузница како и воспоставувањето на физиолошката флора на вагината. Сите учесници имаа можност да видат и примери од праксата на Проф. Д-р Аљоша Мандиќ, од која јасно се гледа разликата пред и по употребата на вагиналниот гел Papilocare.