ИНФА 2000 (INPHA 2000) е релативно млада италијанска фармацевтска компанија со седиште во Милано, основана од двајца фармацевти со цврсто верување дека природните супстанции можат да спречат и лекуваат разни болести. Компанијата е специјализирана за развој на научно засновани оригинални природни производи во областа на гинекологија, неврологија, ортопедија, урологија, геријатрија и хепатологија. Зад секој производ стои сериозен научен пристап кој првенствено се заснова на проучување на биомеханички и физиолошки механизми на дејство на активни супстанции во човечкиот организам. Сите научни откритија се вреднуваат преку клинички студии, а подоцна и клинички искуства.
Покрај научните истражувања, посебно внимание се посветува и на квалитетот на производот. Производството ги користи најсовремените стандарди утврдени за фармацевтската индустрија. Активните супстанции кои се дел од производот обично се заштитени со патент или се сертифицирани според највисоките стандарди. Сето ова, како и постојаните инвестиции во развој на нови производи, овозможија ИНФА 2000 да стане една од најпрепознатливите компании на европскиот пазар. Резултатите што ги постигнуваат покажуваат дека нивните цели - „да живеат подолго во добро здравје“ и „подобрување на квалитетот на нашите животи“ - секојдневно се остваруваат низ целиот свет.