ЛЕКОЛИДTM (LEKOLIDTM) ГАСТРОРЕЗИСТЕНТНИ ТАБЛЕТИ

30 гастрорезистентни таблети

Леколид (Lekolid) гастрорезистентните таблети содржат кверцетин, куркума и N-acetilcistein. Се работи за производ кој е додаток на исхраната изработен со примена на патентирана ENDOBASP® технологија.

Кверцетин е супстанца која спаѓа во групата на флавоноиди, распространет во растителниот свет во кората од јаболка и кромидот, во какаото, црвеното овоштие и брокулата. Кверцетинот во Леколид-от (Lekolid) е од екстракт од Sophora Japonica (јапонски багрем).

Куркума или индиски шафран (латинско име: Curcuma longa). Активна состојка: куркуминоиди. Куркумата е една од билките класифицирани како je GRAS - Generally Recognized As Safe Substances - Генерално Признаени Како Безбедни Супстанци, односно материи кои се општо препознаени како безбедни. Нема акутна или хронична токсичност. Кај луѓе е безбедна дури и во големи дози (8 г / ден).

N-acetilcistein е облик на L-cistein-от. L-cistein е хигроскопен и се разградува така што споро оксидира, додека НАЦ е постабилен и подобро се апсорбира. Оваа аминокиселина ја стабилизира структурата на протеините и е потребна а создавања на глутатионот, еден од најзначајните антиоксиданси кои ги отстрануваат слободните радикали кои ја оштетуваат клетката.

ENDOBASP® технологија е иновативна и патетирана технологија, која благодарејќи на синергијата со иницијаторите на апсорпцијата (bromelain, l-arginin, естер на сахароза, piperin) овозможуваат висока биорасположивост на активните состојки на Леколид-от (Lekolid), и истовремено е заслужна и за гастрорезистентната формулација на таблетата. 

Земете 1 гастрорезистентна таблета на полн желудник или за време на оброк. Таблетата проголтајте ја цела без џвакање или растопување во устата.

Препорачаните дневни дози не смеат да се прекорачат. Додатокот на исхрана не е надоместување ниту замена на балансирана исхрана. Чувајте вон дофат од мали деца. Важно е придржувањето кон балансирана и разновидна исхрана и здрав начин на живот.

Предупредување

Лицата кои земаат лекови треба да се посоветуваат со доктор пред користењето на производот. Не се препорачува на трудници и доилки. Не се препорачува на деца помлади од 3 години.

Кверцетин дихидрат (екстракт од Sophora Japonica) титриран на 98 % кверцетин, екстракт од корен на куркума (Curcuma longa) стандардизиран на 95 % куркуминоиди, N-acetilcistein, bromelain  2500 GDU/g, емулгатор: сахарозни естри на масни киселини, микрокристална целулоза (E460), Магнезиумови соли на масни киселини ((E470b); регулатор на киселост: ди-калциум фосфат (E341); L-arginin, прашок од плод на црн бибер титриран на 95 % пиперин (Piper nigrum), супстанца за спречување на згрутчување: силициум диоксид (E551), талк (E553b), згуснувач: хидроксипропил метил целулоза, супстанца за полирање: шелак (E904), модифициран скроб (E1404), глицерол (E422); бои: титан диоксид(E171), железо (III) оксид(E172). 

Состијки во препорачана дневна доза (= 1 гастрорезистентна таблета):

  • кверцетин - 200 mg
  • eкстракт од корен на куркума - 210 mg
    • oд што - куркуминоиди 200 mg
  • N-acetilcistein - 150 mg. 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

СЛУЗНИЦАТА НА МАТКАТА НА ПОГРЕШНО МЕСТО

Целта на третманот на ендометриоза е да се намали ширењето на фокусот на болеста, да се отстрани болката и да се подобрат можностите за зачнување.

Дознајте повеќе

КУРКУМА – ПОВЕЌЕ ОД ЗАЧИН

Каротеноидите од куркумата се надополнуваат и делуваат во синергија со активните материи на растението, на кои во последно време им се придава се поголемо значење, а меѓу другото се истакнуваат и нејзините лековити ефекти.

Дознајте повеќе

КВАРЦЕТИНОТ ГО ЧУВА ЗДРАВЈЕТО

Кверцетинот е многу силна антиоксидантна супстанца која покажа многубројни позитивни ефекти врз човечкиот организам.

Дознајте повеќе