НОРМИСОН® (NORMISON®) СПРЕЈ ЗА УВО
10 мл
Нормисон (Normison) спреј за уво е наменет за превентивна и пропратна терапија кај воспаленијата на надворешниот слушен канал, особено при чест и долготраен контакт со вода.
Детален опис на производот
За што се употребува Нормисон спреј за уво?
- за спречување на воспаленија на надворешниот слушен канал, особено кај чест или долготраен контакт со вода, на пр. после бањање, туширање, пливање и гњурење
- како дополнителна терапија во тек на користење на лекови при воспаление на надворешениот слушен канал.
Нормисон спреј за уво наменет е за возрасни и за деца над 3 годишна возраст.
Начин на употреба
Како се користи Нормисон спреј за уво?
После бањање, туширање, пливање и гњурење (во слатка или солена вода) со притискање на распрснувачот, се препорачуваат 2 до 3 прскања (кај возрасни) и 1 до2 прскања (кај деца) Нормисон спреј за уво во надворешниот слушен канал. Оставете спрејот да делува 20 до 30 секунди, притоа држејќи ја главата навалена на страна. Потоа исправете ја главата и избришете го вишокот на течноста. Преостанатата течност во надворешниот слушен канал оставете ја да испари. Постапката се повторува и на другото уво. Нормисон спреј за уво се употребува загреан на температура на телото.
Ако во надворешниот слушен канал има ушна маст, мртви клетки од кожа и други наслаги, пред примената на Нормисон спреј за уво се препорачува чистење на надворешниот слушен канал со Церустоп спреј-маслото за омекнување ушна маст .
Посебни мерки на претпазливост
Кога не би тербало да се користи Нормисон спреј за уво?
- во случај на преосетливост или алергија на било која состојка на Нормисон спреј за уво
- при перфорација на слушното тапанче (дупка во слушното тапанче).
Посебни предупредувања за сигурна употреба
Нормисон спреј за уво не е лек. При болки во увото задолжително треба да се побара помош од лекар!
Немојте да ги чистите слушните канали механички, ниту да ги зачепувате со памук.
Нормисон спреј за уво кај блага надразеност на надворешниот слушен канал може да предизвика чувство на пецкање.
Немојте да го голтате Нормисон спреј за уво или да го прскате во очи!
Состојки
Isopropyl alcohol, вода, acetic acid и dexpanthenol.
Специјалниот состав на Нормисон спреј за уво овозможува брзо сушење на површинскиот дел на кожата од надворешниот слушен канал. Киселата компонента на Нормисон спреј за уво, помага во повторното воспоставување и одржување на природниот кисел заштитен слој на кожата. Dexpanthenol овозможува дополнителна заштита и нега на кожата.
ПОВРЗАНИ НОВОСТИ
„ПЛИВАЧКОТО УВО“ МОЖЕ ДА ГО ИСКОМПЛИЦИРА СЕКОЈ ОДМОР
Ако воспалението на ушниот канал не се лекува, чешањето, болката и црвенилото на кожата стануваат сè поизразени, а симптомите може да прераснат во силна болка која се шири на лицето, вратот или мастоидната област а, истите се зголемуваат и со движењето на вилицата.
ЛЕТОТО Е ПЕРИОД КОГА ЧЕСТО СЕ ЈАВУВА ВОСПАЛЕНИЕ НА УШНИОТ КАНАЛ
Најважно е да се зајакне отпорноста на кожата на ушниот канал на штетни надворешни влијанија, бидејќи така се спречуваат акутните и хроничните инфекции на увото.
ОПАСНОСТИ ПРИ НУРКАЊЕ
Нуркањето е придружено со одредени опасности, особено ако не ги почитуваме правилата кои можат да значат живот во овој спорт.