ПАП  ТЕСТ


Пап тестот е едноставна и безболна медицинска анализа со која лекарот зема примерок од површинските клетки на мукозната мембрана на вагината и грлото на матката. Откако ќе се земе примерокот, клетките се анализираат под микроскоп во цитолошки лаборатории.

Испитувањето на примерокот открива промени кои укажуваат на оштетување на епителот, а со цел рано откривање на промените поврзани со развој на рак на грлото на матката. Овој тест открива различни воспалителни промени и присуство на некои микроорганизми. За прецизна дијагноза на инфекцијата потребни се дополнителни микробиолошки анализи.


 

Како да се подготвите за ПАП тест?

На девојчињата им се препорачува да го направат првиот ПАП тест кога ќе станат сексуално активни или кога ќе наполнат 18 години. После тоа, потребни се редовни контроли еднаш годишно, континуирано во текот на животот или почесто доколку лекарот препорача.

Пап тестот најдобро се прави на средина на циклусот, т.е. помеѓу 10-тиот и 20-тиот ден сметајќи од првиот ден од последната менструација. Воопшто не се препорачува земање примерок од ПАП тест за време на крварење, бидејќи го оневозможува правилното читање на резултатите.

Два до три дена пред да се оди на тест, потребно е да се избегнува примена на локални препарати (лекови, креми, пени и сл.), а еден до два дена пред да се воздржите од сексуални односи.
 

PAPILOCARE ПРОИЗВОДИ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И ПОМОШ ВО ЛЕКУВАЊЕТО НА ПРОМЕНИ ПРЕДИЗВИКУВАНИ ОД ХПВ