Индикации
Papilocare генитален гел за надворешна примена не содржи хормони и има својства на навлажнување и обнова на епителот на површината на гениталиите.
Индициран е за навлажнување и обнова на слузницата на површината на гениталиите кога е потребна посебна нега, по одредени медицински/хируршки зафати (на пример ласерско отстранување на кондиломи или брадавици на површината на гениталиите предизвикани од ХПВ).
Својства
Формулација за интензивно навлажнување со ниозоми на хијалуронска киселина и ß-глукан кои ја подобруваат функцијата на кожната бариера.
Содржи екстракти од Azadirachta indica и Coriolus versicolor, како и фитозоми на растението Centella asiatica кои одржуваат рамнотежа, обновуваат и имаат антиоксидативни својства. Пребиотиците и млечната киселина ја одржуваат микробиотата на интимната регија. Aloe vera овозможува навлажнување, епителизација и обнова на површината на гениталиите. На тој начин површината на гениталиите ги враќа своите нормални карактеристики на флексибилност и навлажнетост, со што се поттикнува природниот процес на заздравување.