Sigmapharm, Normison

Normison® спреј за уво

10 ml

Normison спрејот за уво е наменет за превентивна и придружна терапија кај воспаление на надворешниот уven канал, особено кај чест и подолготраен контакт со вода.

Пред употреба прочитајте го упатството! За намената и несаканите реакции на медицинското средство посоветувајте се со лекар или фармацевт.

Подетален опис

За што се користи Normison спрејот за уво?

• за спречување на воспаление на надворешниот ушен канал, особено кај чест или подолготраен контакт со вода, на пр. по капење, туширање, пливање и нуркање
• како дополнителна терапија за време на користење на лекови кај воспаление на надворешниот ушен канал.

Преголемата влага и високите (алкални) pH вредности го поттикнуваат воспалението на надворешниот ушен канал. Отстранувањето на влагата е важна мерка за спречување на воспаление, особено по интензивен контакт со вода.
Normison спрејот за уво може да се користи во бременост и во периодот на доење.
Normison спрејот за уво е наменет за возрасни лица и деца над 3 години.

Начин на употреба

По капење, туширање, пливање и нуркање (во слатка или солена вода), со притискање на распрскувачот се препорачува да се распрска 2 до 3 пати (кај возрасни) и 1 до 2 пати (кај деца) Normison спреј за уво во ушниот канал. Оставете спрејот да делува 20 до 30 секунди, држејќи ја притоа главата наклонета настрана. Потоа исправете ја главата и избришете го вишокот течност. Преостанатата течност во ушниот канал оставете да испари. Постапката повторете ја на другото уво.
Normison спрејот за уво се употребува загреан на телесна температура.
Доколку во ушниот канал има ушна маст, акумулација на мртви клетки од кожата и други наслаги, пред примена на Normison спрејот за уво се препорачува чистење на надворешниот ушен канал со Cerustop спреј – масло за уво.

Посебни мерки на претпазливост

Кога не треба да се користи Normison спрејот за уво?

• во случај на преосетливост или алергија на било која состојка на Normison спрејот за уво
• кај пукната тапанче (дупка во тапанчето).

Посебни предупредувања за безбедна употреба
Normison спрејот за уво не е лек. Кај болка во увото задолжително треба да побарате помош од лекар!
Ушниот канал не смее механички да се чисти ниту да се затнува со памук. Кај блага надразнетост на надворешниот ушен канал, Normison спрејот за уво може да предизвика чувство на печење.
Не голтајте го Normison спрејот за уво и не капнувајте го во очите!
Normison спрејот за уво чувајте го надвор од дофат на мали деца! Шишенцето на Normison спрејот за уво чувајте го затворено.

Состав

Изопропилалкохол, вода, оцетна киселина и дексапантенол

Дополнителни информации за производот

Поврзани производи

Можеби ќе ве интересира