Лекувањето трае 6 месеци, а по потреба и подолго, според упатствата на лекарот. За постигнување на посакуваните резултати, важно е да се заврши целосното траење на лекувањето. Се препорачува лекувањето да започне по циклусот.
Прв месец: се применува по еден апликатор дневно во тек на 21 последователен ден, по што следи одмор од 7 дена.
Наредни месеци (втор до шести): се применува по еден апликатор секој втор ден во тек на 21 ден.
Препораката за воздржување од лекување со Papilocare за време на циклусот е поради удобноста на пациентката, а не поради каква било клиничка некомпатибилност.
Идеално е Papilocare да се применува непосредно пред спиење.
Papilocare е компатибилен со презервативи.
Како да се применува Papilocare?
Papilocare е достапен како еднодозен апликатор за примена во вагината. Сите апликатори кои се отворени или оштетени треба да се фрлат. Апликаторот е дизајниран за полесна примена на производот.
Пред примена, легнете на грб. Вметнете го апликаторот во вагината, притиснете и истиснете ја содржината на апликаторот. Извадете го апликаторот од вагината додека сè уште го притискате, за да не се всисе назад веќе применетиот производ.
Можно е мала количина гел да остане во апликаторот. Тоа не значи дека применетата доза е помала од препорачаната, бидејќи од апликаторот се ослободува количина доволна за да ја покрие слузницата на грлото на матката и вагината (3 ml).
По примената, апликаторот треба да се фрли. Апликаторот не смее повторно да се употребува ниту да се дели со други пациентки.