Инозитолите се супстанции кои нормално се наоѓаат во природата, а особено во житарките, орашестите плодови, лушпестите растенија и овошјето. D-хиро-инозитолот се создава во човечкиот организам од мио-инозитол и претставува биолошки активна супстанција, слична на витамините од B групата, која е вклучена во различни метаболички реакции неопходни за правилно функционирање на организмот.
Научно е докажано дека D-хиро-инозитолот е клучна компонента на посебен интрацелуларен молекуларен систем кој го засилува сигналот на инсулинот и на тој начин придонесува кон хомеостазата на гликозата (искористувањето на гликозата од страна на клетките на нашиот организам).
D-хиро-инозитол
D-хиро-инозитолот што влегува во составот на овој производ е од природно потекло, во форма на концентриран и прочистен екстракт, добиен од рогач со посебен метод на екстракција кој користи исклучиво вода како растворувач, без употреба на хемиски супстанции кои би можеле да влијаат врз квалитетот на производот.
Фолна киселина
Фолната киселина припаѓа на витамините од B групата и е неопходна за раст и делба на клетките. Човечкиот организам не создава фолна киселина, па затоа мора да се внесува преку храна. Комплетната и избалансирана исхрана обично ги задоволува дневните потреби за овој витамин (200 µg), но внесувањето поголеми количини е неопходно во некои посебни состојби и во бременост, кога може да се зема и во вид на додаток во исхраната.
Витамин B12
Витаминот B12 придонесува кон одржување на нормален енергетски метаболизам, нормално функционирање на нервниот систем и нормални психолошки функции, нормализација на метаболизмот на хомоцистеинот, нормално функционирање на имунолошкиот систем, формирање на нормални црвени крвни зрнца и намалување на умор и исцрпеност.
Манган
Мангaнот придонесува кон нормален метаболизам и создавање енергија, одржување на нормални коски, нормално создавање на сврзно ткиво и заштита на клетките од оксидативен стрес. Неодамнешни истражувања покажале дека манганот и D-