Procare Health, Papilocare

Papilocare® Immunocaps

30 капсули

Додаток на исхрана со екстракт од габата Reishi, 3 соја на корисни бактерии (Lactobacillus crispatus, Lactobacillus rhamnosus, Lactobacillus gasseri), витамини C, D, B1, B2, B3, B6, B12, фолна киселина (Quatrefolic®) и цинк, бакар и селен.

Подетален опис

Papilocare ImmunoCaps е додаток на исхрана за превенција на лезии, зајакнување на имунитетот и подобрување на вагиналната микробиота кај ХПВ позитивни пациенти.
Papilocare ImmunoCaps се препорачува на лица на терапија со Papilocare вагинален гел или лица кои ја завршиле истата, лица кои имаат генитални брадавици и кои користат Papilocare надворешен гел, лица постари од 40 години кои се имунокомпромитирани, со високоризичен ХПВ сој, упорна ХПВ инфекција или по операција, ХПВ позитивни лица кај кои не се развиле лезии, како и лица чиј партнер боледува од ХПВ.
Reishi екстракт – антиоксидативно и имуномодулаторно дејство. Бета-глуканите и полисахаридите придонесуваат за активирање на имунолошкиот систем.
15 милијарди Lactobacillus spp ја подобруваат микробиотата на вагината
Кватрофолат – активен фолат од најнова генерација обезбедува подобра биораположивост
Комплексот на мултивитамини и олигоелементи го подобрува имунолошкиот систем.
Витамините C, D, B6, B12, фолната киселина, како и селенот, бакарот и цинкот придонесуваат за нормалната функција на имунолошкиот систем.
Бакарот и витамините B1, B2, B3, B6 и B12 придонесуваат за нормалната функција на нервниот систем
Витамините B2 и B3 придонесуваат за одржување на нормална слузница.
Витамините B2, B3, B6 и B12 придонесуваат за намалување на умор и исцрпеност.
Витаминот C, цинкот, бакарот и селенот придонесуваат за заштита на клетките од оксидативен стрес.
Витаминот D и фолната киселина имаат улога во процесот на клеточна делба.
Цинкот придонесува за нормален метаболизам на микронутриентите.
Бакарот придонесува за одржување на нормално сврзно ткиво.

Предности

Најкомплетната формула за имунитет против ХПВ, заснована на медицински докази.
Содржи кватрофолат – активен фолат од најнова генерација кој овозможува поголема биораположивост, REISHI екстракт, комплекс на мултивитамини и олигоелементи за подобрување на имунитетот и 15 милијарди Lactobacillus spp кои ја подобруваат микробиотата на вагината.

Начин на употреба

Возрасни: Да се зема 1 капсула дневно по оброк

Посебни мерки на претпазливост

Предупредувања:
Не е наменето за бремени жени, доилки, деца и адолесценти, како ниту за лица преосетливи на некој од составните делови на производот.
Препорачаните дневни дози не смеат да се надминат
Напомени:
Додатоците на исхрана не се замена за разновидна, урамнотежена исхрана и здрав начин на живот. Да не се зема производот истовремено со други производи кои содржат витамин D.
По еден месец на употреба, проверете го нивото на витамин D во крвта
Пред употреба консултирајте се со лекар/фармацевт
Не содржи глутен и лактоза

Состав

Сув екстракт од габата Reishi (Ganoderma lucidum), стандардизиран на 50% полисахариди и 50% бета-глукани – 300 mg
Мешавина од корисни бактерии: Lactobacillus rhamnosus 2,5 x 10⁹ CFU, Lactobacillus gasseri 2,5 x 10⁹ CFU, Lactobacillus crispatus 1,0 x 10⁹ CFU, витамин C: 120 mg, витамин D: 50µg (2000 IU), витамин B1: 1,1 mg, витамин B2: 1,4 mg, витамин B3 (ниацин): 16 mg, витамин B6: 1,4mg, Фолна киселина (Quatrefolic®): 270 µg, витамин B12: 2,5µg, Цинк: 10mg, Бакар: 1mg, Селен: 70µg.

Дополнителни информации за производот

Поврзани производи

Можеби ќе ве интересира