Procare Health, Papilocare

Papilocare® вагинален гел

7x5ml, 21x5ml

Вагинален гел за спречување и помошно лекување на лезии предизвикани од ХПВ.

Пред употреба прочитајте го упатството!
За намената и несаканите реакции на медицинското средство посоветувајте се со лекар или фармацевт.

Подетален опис

За што се применува Papilocare?

Papilocare се применува за:

  • контролирање и помош при повторна епителизација на трансформациската зона на грлото на матката, со цел да се спречи ризикот од лезии предизвикани од ХПВ (анг. LSIL – сквамозна интраепителна лезија од низок степен)
  • помошно лекување на интраепителни лезии предизвикани од ХПВ
  • обновување и повторна епителизација на лезии на слузницата на грлото на матката и вагината
  • лекување на сувост на слузницата на грлото на матката и вагината
  • повторно воспоставување рамнотежа на микробиотата на вагината
  • подобрување на здравјето на вагината
  • создавање услови за брзо оздравување на лезии предизвикани со гребење поради чувство на печење или чешање
  • создава заштитен слој кој брзо ја намалува непријатноста, создавајќи соодветни услови за поттикнување на природниот процес на оздравување.

Како делува Papilocare?

Papilocare е гел кој делува така што создава слој на слузницата на грлото на матката, обликувајќи одбранбена бариера за спречување на ризикот од интеграција на ХПВ. На тој начин се прекинува интеграцијата на ХПВ и создавањето нови лезии, а помага и во повторната епителизација на постојните лезии. Исто така, го поттикнува обновувањето на микробиотата на вагината.

На кого му е наменет Papilocare?

Примената на Papilocare се препорачува на жени (постари од 18 години) заразени со хуман папилома вирус (ХПВ), без разлика дали имаат лезии предизвикани од вирусот (анг. ASCUS – атипични сквамозни клетки со неопределено значење или анг. LSIL – сквамозни интраепителни лезии од низок степен).

Резултати од тестирањето

Клинички докази

Спроведени се неколку клинички испитувања со Papilocare кои ја поддржуваат неговата клиничка ефикасност и безбедност.

Во неколку испитувања, спроведени од производителот, беше забележано подобрување на повторната епителизација на слузницата на грлото на матката и вагината по примената на Papilocare.

Во испитување кое го споредува обновувањето на слузницата кај нелекувани жени и жени лекувани со Papilocare, беше забележано дека кај жените кои примениле Papilocare имало поголем процент на оние кај кои лезиите предизвикани од ХПВ заздравеле, во споредба со нелекуваните жени.

Други испитувања, спроведени од независни истражувачи во универзитетски болници, исто така ја потврдија ефикасноста и безбедноста на примената на Papilocare.

Предности

Papilocare je jedini medicinski proizvod na našem tržištu registrovan za  sprečavanje i pomoćno lečenje lezija uzrokovanih HPV-om.

Начин на употреба

Лекувањето трае 6 месеци, а по потреба и подолго, според упатствата на лекарот. За постигнување на посакуваните резултати, важно е да се заврши целосното траење на лекувањето. Се препорачува лекувањето да започне по циклусот.

Прв месец: се применува по еден апликатор дневно во тек на 21 последователен ден, по што следи одмор од 7 дена.

Наредни месеци (втор до шести): се применува по еден апликатор секој втор ден во тек на 21 ден.

Препораката за воздржување од лекување со Papilocare за време на циклусот е поради удобноста на пациентката, а не поради каква било клиничка некомпатибилност.

Идеално е Papilocare да се применува непосредно пред спиење.

Papilocare е компатибилен со презервативи.

Како да се применува Papilocare?

Papilocare е достапен како еднодозен апликатор за примена во вагината. Сите апликатори кои се отворени или оштетени треба да се фрлат. Апликаторот е дизајниран за полесна примена на производот.

Пред примена, легнете на грб. Вметнете го апликаторот во вагината, притиснете и истиснете ја содржината на апликаторот. Извадете го апликаторот од вагината додека сè уште го притискате, за да не се всисе назад веќе применетиот производ.

Можно е мала количина гел да остане во апликаторот. Тоа не значи дека применетата доза е помала од препорачаната, бидејќи од апликаторот се ослободува количина доволна за да ја покрие слузницата на грлото на матката и вагината (3 ml).

По примената, апликаторот треба да се фрли. Апликаторот не смее повторно да се употребува ниту да се дели со други пациентки.

Посебни мерки на претпазливост

Предупредувања

Papilocare не смеат да го применуваат лица со позната преосетливост на било кој од неговите состојки.

Доколку по примената почувствувате непријатност, прекинете ја употребата и обратете се кај лекар.

Не се достапни податоци за примена на Papilocare заедно со контрацепциски средства за примена во вагината (на пр. вагинален прстен, женски презерватив). Затоа примената на Papilocare не се препорачува кај жени кои користат ваков вид контрацепција.

Во случај на бременост, пред примена на Papilocare потребно е да се обратите кај лекар, а примената треба да се разгледа само под строг надзор на лекар.

Несакани ефекти

Безбедносниот профил на Papilocare е добар и не се забележани посериозни несакани ефекти во клиничките испитувања со производот, ниту по неговото пуштање во промет.

Единствениот несакан ефект пријавен по пуштањето на производот во промет е надразнетост по примената, со зачестеност која не надминува 1 од 10.000 случаи.

Оваа реакција е почеста кај жени со многу чувствителна или значително оштетена генитална регија, или кај пациентки во постменопауза кои имаат висок pH на вагината (pH 7).

Доколку се случи ова, намалете ја зачестеноста на примена на дозата (на секои 3 дена) и обратете се кај лекар.

Состав

Ниозоми на хијалуронска киселина, ниозоми на β-глукан, фитозоми на gotu kola (Centella asiatica), екстракт од габата Coriolus versicolor, екстракт од растението ним, BioEcolia®, екстракт од растението Aloe vera.

Дополнителни информации за производот

Често поставувани прашања

Како делуваат ниозомите на хијалуронска киселина?

Главниот ефект на ниозомите на хијалуронска киселина е површинско навлажнување на ткивото, што обезбедува еластичност.

Како делуваат ниозомите на β-глукан?

Благодарение на антиоксидативните својства, ниозомите на β-глукан ја одржуваат структурата и природната функционалност на кожата и слузницата.

Како делуваат фитозомите на растението Centella asiatica?

Фитозомите на растението Centella asiatica ja обновуваат слузницата.

Што е BioEcolia® и како делува?

BioEcolia® е алфа олигоглукан кој го поттикнува растот на корисната бактериска флора и ја балансира микробиотата во регионот на грлото на матката и вагината.

Каков е ефектот на Aloe vera?

Aloe vera vlaži, i podstiče ponovnu epitelizaciju i obnavlja sluznicu vagine.

Што е Coriolus versicolor и како делува?

Coriolus versicolor е лековита габа која ја поттикнува повторната епителизација на лезиите и микролезиите во регионот на вагината и грлото на матката.

Како делува екстрактот од растението ним?

Екстрактот од растението ним има емулгирачки ефект кој му погодува на природниот процес на заздравување, притоа олеснувајќи ги симптомите на црвенило и чешање.

Вие прашувате - ние одговараме

Поврзани производи

Можеби ќе ве интересира