Tree of Life Pharma, Otikon

Otikon™ Mini

7 мл

Капки за уши во спреј со природни состојки.

Пред употреба прочитајте го упатството!
За намената и несаканите реакции на медицинското средство посоветувајте се со лекар или фармацевт.

Подетален опис

Капки за уши во спреј за ублажување на болка, отстранување на ушен восок и подобрување на слухот.

Производот го подобрува слухот кога во ушниот канал има премногу ушен восок.

Начин на употреба

Пред првата употреба се препорачува да се испрскаат 1 до 2 кратки притисоци во мијалник за да се провери дали млазницата е исправна.

Дозирање, освен ако лекарот не пропишал поинаку: 1 до 2 кратки притисоци во увото 3 пати дневно во траење од 5 до 7 дена или додека не дојде до подобрување. Не ја надминувајте препорачаната доза.

Протресете го шишето, исправете ја млазницата и вметнете го врвот на млазницата приближно ½ cm во ушниот канал. Внимавајте да не ја вметнете млазницата длабоко во увото. Применете 1 до 2 кратки притисоци, секој во траење од околу една секунда. Почекајте половина минута и ставете мало парченце памучна вата во увото. По прскањето можете да ја навалите главата настрана за да го забрзате навлегувањето на растворот во увото.

Повторете, по потреба, не повеќе од 3 пати на ден. Вратете ја млазницата во почетна положба и спакувајте го шишето во кутијата.

Производот може да се применува кај деца само под надзор на возрасно лице.

Посебни мерки на претпазливост

Кога производот не смее да се применува?

Не применувајте го ако сте преосетливи на некоја од неговите состојки. Не применувајте го овој производ без претходна консултација со лекар ако постои инфекција на надворешното уво со исцедок или крвавење, во случај на екцем на увото, ако е оштетено тапанчето или ако сте бремени или доите.

Предупредувања

Само за надворешна употреба. Да не се голта. Овој производ не го применувајте подолго време без консултација со лекар. Ако сте преосетливи на некое медицинско средство или лек, известете го вашиот лекар пред употреба на овој производ. Избегнувајте контакт на капките (со прскање) со очите и со внатрешните телесни шуплини (на пр. слузокожата и отворените рани), освен ушите. Чувајте го на затворено место, надвор од дофат на деца или бебиња, за да се избегне труење.

Несакани дејства

Покрај посакуваното дејство на производот, може да се јават и привремени несакани дејства, вклучувајќи блага локална иритација на увото по примената на производот (прскањето). Овие појави брзо исчезнуваат откако ќе се навикнете на производот. Ако чувствителноста на кожата продолжи, прекинете го лекувањето и побарајте совет од лекар.

Несакани дејства што бараат посебно внимание: во редок случај на сериозна иритација, осип, воспаление, исцедок или крвавење, кои не постоеле пред примената на ова медицинско средство, престанете да го применувате производот и обратете се кај лекар.

Интеракции со други лекови или производи

Ако истовремено земате лек или друг производ или неодамна сте завршиле лекување со лек или друг производ, вклучувајќи лекови или производи набавени без рецепт, известете го за тоа вашиот лекар за да се избегне ризик или недостаток на ефикасност што произлегува од интеракција со лекови или други производи.

Состав

Маслиново масло, маслен екстракт од лопен (Verbascum thapsus), маслен екстракт од невен (Calendula officinalis), маслен екстракт од кантарион (Hypericum perforatum), масло од лаванда (Lavandula officinalis), витамин Е во сончогледово масло, екстракт од рузмарин (Rosmarinus officinalis) во рапично масло, масло од бел лук, карнозинска киселина.

Дополнителни информации за производот

Најчесто поставувани прашања

Кои се причините за болка во увото?

Болката во увото може да биде предизвикана од воспаление на надворешното или средното уво.

Воспалението и болката на надворешното уво најчесто настануваат поради повреда и апсцес на ушниот канал или опструкција на ушниот канал поради присуство на чеп од ушен восок или туѓо тело. Болка може да настане и кога притисокот во средното уво се разликува од притисокот во околината, па поради тоа тапанчето не вибрира нормално. Болката може да биде и симптом што не е поврзан со увото, односно да се јави, на пр., поради воспаление на крајниците или забите (катници).

Причини за болка и воспаление во средното уво најчесто се никнувањето на забите, болка во грлото, инфекција на увото или запушена Евстахиева туба.

За кого е наменет Otikon™ Mini?

Otikon™ Mini е наменет за деца и возрасни.

Вие прашувате – ние одговараме

Поврзани производи

Можеби ќе ве интересира