ОТИКОН® (OTIKON®) МИНИ КАПКИ ЗА УВО ВО СПРЕЈ

7 мл

Природно решение за болка во уво.

За што се користи Отикон  капки за уво во спреј?

Отикон е медицинско средство од класа I во форма на спреј за уши. Содржи природни состојки кои се користат за болка во увото и за подобрување на слухот во случај на присуство на церумен во ушниот канал.

Како се употребува Отикон капки за уво во спреј?

Протресете го шишето, исправете ја прскалката и врвот од прскалката ставете го приближно пола сантиметар во отворот на ушниот канал. Внимавајте да не ја ставите прскалката длабоко во увото. Медицинското средство употребувајте го така што 1-2 кратко ќе ја притиснете пумпицата, секој притисок нека трае по една секунда. Почекајте пола минута па ставете мало топче од памук во увото. По вшприцувањето можете главата благо да ја наведнете на страна, за да се забрза продирањето на капката во увото.

Повторете, доколку е потребно, но не повеќе од 3 пати дневно. Вратете ја прскалката во почетната позиција и вратете го шишето во кутијата.

Медицинското средство кај деца смее да се употребува од возрасни или под нивен надзор.

Дозирањето, доколку поинаку не е препорачано од Вашиот лекар е: 1-2 кратки вшприцувања во увото, 3 пати дневно, 5-7 дена или додека симптомите не се подобрат. Да не се надмине препорачаната доза.

Немојте да го користите ова медицинско средство доколку сте осетливи на некои од неговите состојки.

Немојте да го користите ова медицинско средство без претходна консултација со лекар: ако постои инфекција на надворешното уво кое е пропратено со лачење на секрет или крварење, во случај на екцем на увото, доколку е оштетено слушното тапанче или ако сте трудна или доите.  

Внимание! Не го голтајте и не го јадете! Ова медицинско средство е наменето исклучиво за надворешна употреба, во уво. Доколку не дојде до подобрување на Вашата состојба во тек на 3 дневен третман, јавете се на лекар. Немојте да го употребувате за очи и избегнувајте контакт со очите. Во случај да медицинското средство дојде во контакт со очите, исплакнете ги очите со млаз на вода во тек на неколку минути. Во случај на иритација или осетливост, престанете со употреба на медицинското средство и јавете се кај Вашиот лекар.                                                                                          
Спречете труење! Да се чува на затворено место, и надвор од видното поле и дофатот на деца и/или новороденчиња како би избегнале труење. Доколку употребите доза поголема од препорачаната или доколку детето или возрасна личност случајно го проголтаат растворот, веднаш одете во ургентен центар и со себе понесете ја кутијата со ова упатство, и шишето од медицинското средство. Немојте да предизвикувате повраќање, освен ако е препорачано од лекар!

Немојте да го употребувате ова средство во темница! Проверете ја налепницата и начинот на употреба секогаш кога го употребувате ова медицинско средство. Носете наочари доколку Ви се потребни за да ја проверите налепницата и начинот на употреба.

Чување

Да се чува на ладно место (под 25 ºС). Да се чува подалеку од директна светлина. Ова медицинско средство може да се употребува 3 месеци по првото отварање, но никако по истекот на рокот за употреба упишан на надворешното пакување. 

Маслиново масло, маслен екстракт од Verbascum thapsus, маслен екстракт од невенов цвет (Calendula officinalis) во маслиново масло, маслен екстракт од кантарионска билка (Hypericum perforatum) во маслиново масло, масло од лаванда (Lavandula officinalis), витамин Е во сончогледово масло, екстракт на рузмарин (Rosmarinus officinalis) во масло од репка, масло од лук, карнозинска киселина.

Отикон мини капки за уво во спреј е медицинско средство наменето за отстранување на ушен восок (церумен), подобрување на слухот и ублажување на болката во увото.

Ова медицинско средство помага за подобрување на слухот во случај кога има церумен во увото.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

БОЛКА КОЈА ТЕШКО СЕ ЗАБОРАВА

Акутниот отитис медиа не е причина веднаш да се оди на лекар, освен ако не е во прашање новороденче/доенче или општата состојба на детето е исклучително тешка.

Дознајте повеќе

ВОСПАЛЕНИЕ НА УШНИОТ КАНАЛ - НЕУДОБНО И БОЛНО ИСКУСТВО

Откако ќе се започне, третманот на воспаление на ушниот канал не смее да се прекине по првичното смирување на симптомите, туку се препорачува да се продолжи уште неколку дена по подобрувањето на локалните наоди.

Дознајте повеќе

ДАЛИ ВАШЕТО ДЕТЕ ДОБРО СЛУША?

Секое оштеување треба да се препознае што е можно поскоро, а вие, драги родители, можете најмногу да помогнете во ова.

Дознајте повеќе