Кога производот не смее да се применува?
Не применувајте го ако сте преосетливи на некоја од неговите состојки. Не применувајте го овој производ без претходна консултација со лекар ако постои инфекција на надворешното уво со исцедок или крвавење, во случај на екцем на увото, ако е оштетено тапанчето или ако сте бремени или доите.
Предупредувања
Само за надворешна употреба. Да не се голта. Овој производ не го применувајте подолго време без консултација со лекар. Ако сте преосетливи на некое медицинско средство или лек, известете го вашиот лекар пред употреба на овој производ. Избегнувајте контакт на капките (со прскање) со очите и со внатрешните телесни шуплини (на пр. слузокожата и отворените рани), освен ушите. Чувајте го на затворено место, надвор од дофат на деца или бебиња, за да се избегне труење.
Несакани дејства
Покрај посакуваното дејство на производот, може да се јават и привремени несакани дејства, вклучувајќи блага локална иритација на увото по примената на производот (прскањето). Овие појави брзо исчезнуваат откако ќе се навикнете на производот. Ако чувствителноста на кожата продолжи, прекинете го лекувањето и побарајте совет од лекар.
Несакани дејства што бараат посебно внимание: во редок случај на сериозна иритација, осип, воспаление, исцедок или крвавење, кои не постоеле пред примената на ова медицинско средство, престанете да го применувате производот и обратете се кај лекар.
Интеракции со други лекови или производи
Ако истовремено земате лек или друг производ или неодамна сте завршиле лекување со лек или друг производ, вклучувајќи лекови или производи набавени без рецепт, известете го за тоа вашиот лекар за да се избегне ризик или недостаток на ефикасност што произлегува од интеракција со лекови или други производи.