УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ

 
Овие услови ги утврдуваат правата и обврските на компанијата Октал Пхарма ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, ул. Алберт Швајцер 6, Скопје, Северна Македонија, ЕМБС: 7388616 како издавач на веб-страницата www.oktal-pharma.mk (во натамошниот текст: ОКТАЛ ПХАРМА) и корисник на веб-страницата www.oktal-pharma.mk (во понатамошниот текст КОРИСНИК). КОРИСНИК е правно или физичко лице кое на  било кој начин користи , пристапува или има пристап до веб-страницата https://www.oktal-pharma.mk/.

Во случај на пристап и/или употреба на веб-страницата www.oktal-pharma.mk и сите поврзани поддомени и со укажување на својата согласност на условите за користење на веб-страницата www.oktal-pharma.mk, КОРИСНИК експлицитно потврдува дека е запознаен со нив и се согласува со Условите на користње без никакви ограничувања или задршко за користење.

СОДРЖИНА И ЦЕЛ НА ИНФОРМАЦИИТЕ

Веб-страницата www.oktal-pharma.mk е дизајнирана да обезбеди општи информации за ОКТАЛ ПХАРМА, нејзините производи и услуги, како и широк спектар на теми поврзани со здравствената заштита и подобрување на квалитетот на животот. Информациите содржани на веб-страницата www.oktal-pharma.mk не се замена за професионален медицински совет и не треба да се сметаат како основа за донесување одлуки за лечење. Целта на информациите презентирани овде не е да даваат медицински совети или упатства за употреба на производи од застапничкиот асортиман на ОКТАЛ ПХАРМА или поврзани друштва, ниту да дијагностицирате или третирате здравствен проблем или болест без консултација со квалификуван медицински персонал. За совети и упатства за производите и услугите споменати на оваа веб-страница, ве молиме контактирајте го вашиот лекар или фармацевт директно.

ОКТАЛ ПХАРМА вложува соодветни напори да  обезбеди информациите на оваа веб-страница бидат точни и прецизни, но не дава гаранции за неговата точност или комплетност, ниту пак е одговорна за веродостојноста или содржината на која било информација или услуга дадена преку www.oktal-pharma.mk. Во ниеден случај, издавачот не е одговорен за каква било форма на штета што настанува или може да настане како резултат на користење или неможност за користење на веб-страницата www.oktal-pharma.mk, делумно или во целост.

КОРИСНИКОТ се согласува да пристапи на www.oktal-pharma.mk и истата да ја користи исклучително за лична употреба и на сопствена одговорност, почитувајќи ги авторските права и другите права на интелектуална сопственост и сите ограничувања утврдени овде.
Издавачот на веб-страницата ОКТАЛ ПХАРМА не е одговорен за каква било форма на штета предизвикана од неовластено и/или неправилно користење  и/или злоупотреба од страна на КОРИСНИКОТ или неовластениот корисник, ниту е одговорен за содржината што корисникот или неовластениот корисник може да ја објави на веб-страницата www.oktal-pharma.mk.

ЗАШТИТА НА ДЕЦАТА

Користењето на веб-страницата www.oktal-pharma.mk е дозволено на полнолетни лица, а на деца  само под надзор на родител и/или старател.

АВТОРСКИ И ДРУГИ ПРАВА НА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ

Визуелниот идентитет и содржината на веб-страницата www.oktal-pharma.mk се заштитени со авторски права што му припаѓаат на Издавачот на страницата ОКТАЛ ПХАРМА или се предадени на ОКТАЛ ПХАРМА а се во сопственост на трети страни. Конкретно, експлицитно е забрането да се репродуцира, менува, објавува, пренесува, продава, прикажува, обработува или копира содржината наведена овде за какви било комерцијални цели, или на кој било друг начин да се искористи содржината или визуелниот идентитет на веб-страницата www.oktal-pharma.mk, освен исклучително кога таквата можност е предвидена со овие Услови на употреба или е резултат на претходно одобрување на ОКТАЛ ПХАРМА.

ПРОМЕНИ НА УСЛОВИТЕ НА КОРИСТЕЊЕ

Во било кој момент, издавачот на веб-страницата ОКТАЛ ПХАРМА може да ги ревидира или откаже Условите за користење на веб-страницата www.oktal-pharma.mk. Доколку има промена во Условите за користење, а КОРИСНИКОТ продолжува да ја користи веб-страницата www.oktal-pharma.mk, се смета дека тој ги прифаќа Условите за користење во модифицирана форма. Секоја можна промена на Условите за користење на веб-страницата www.oktal-pharma.mk важи за трети страни од моментот на објавување на веб-страницата со истото име.

Последно изменето: Ноември 2019.