СЕНСИНОЛ (SENSINOL)
200ml
Шампон за миење на осетливиот скалп. Го смирува скалпот и го ублажува чешањето.
Детален опис на производот
Sensinol е физиолошки заштитен шампон наменет за миење и смирување на осетливиот скалп, изложен на секојдневни агресии (загадување, стрес, несоодветни и/или премногу агресивни шампони и производи за нега на коса). Таквиот скалп е чувствителен и ослабен, со чувство на чешање или печење.
Содржи формула со полидоканол која го смирува и го ублажува чувството на непријатност на скалпот.
Формулата без мирис обезбедува неверојатно чистење.
Со тоа, се почитува физиологијата на скалпот и се враќа неговата природна рамнотежа.
Многу добра подносливост.
За целото семејство.
Тестирано под надзор на дерматолог.
Начин на употреба
Нанесете на влажна коса, нежно масирајте и потоа исплакнете.
Повторете и оставете го шампонот да делува 2 до 3 минути.
Исплакнете темелно.
Може да се користи толку често колку што е потребно (најмалку 3 пати неделно).
Посебни мерки на претпазливост
Темелно исплакнете со вода во случај на контакт со очи.
Формулиран за да го минимизира ризикот од алергиски реакции.
Состојки
WATER (AQUA), SODIUM LAURETH SULFATE, ZINC COCETH SULFATE, CETEARETH-60 MYRISTYL GLYCOL, LAURETH-9, COCO-GLUCOSIDE, 1,2-HEXANEDIOL, CAPRYLYL GLYCOL, CITRIC ACID, DISODIUM EDTA, HYDROXYPROPYL GUAR HYDROXYPROPYLTRIMONIUM CHLORIDE, SODIUM CHLORIDE, SODIUM HYDROXIDE
Многу добра подносливост.
За целото семејство.
Моментално смирувачко дејство.
Го ублажува чешањето од првата употреба.
Ефективноста потврдена од корисниците:
- Моментално смирува: 74%*
- Го ублажува чешањето: 80%*
- Ја ублажува непријатноста: 77%*
ПОВРЗАНИ НОВОСТИ
НАГЛАСЕНА ЧУВСТВИТЕЛНОСТ
Проблемот со чувствителниот скалп се манифестира со субјективни симптоми, како што се чешање, печење, затегнатост... но, без видливи знаци.
WELLNESS ЗА УМОРНА КОСА
Дали имате проблеми со косата и скалпот? Логично, затоа што вашата коса е жива и учествува во секојдневниот живот, постојано под влијание на штетни влијанија. Таа страда и реагира исто како и вие на замор, стрес, неправилна исхрана.
DUCRAY - ДЕРМАТОЛОШКА ИНОВАЦИЈА ОД 1930 ГОДИНА.
Во светот на дермокозметиката, дерматолошките лаборатории на Ducray, денес учествуваат со повеќе од 60 производи за нега на кожа и коса и нудат решенија за различни дерматолошки состојби и болести.