Превенција и третман на цервикален канцер

Oktal Pharma го презентираше производот Papilocare и резултатите од неговата примена во секојдневната пракса

Во организација на Македонското Здружение за Хуман Папилома Вирус (МЗХПВ) и Македонското Здружение за Цервикална Патологија и Колпоскопија (МЗЦПК) на ден 28.01.2022 година во хотел Холидеј Инн Скопје се одржа Регионален Хибриден Симпозиум: Превенција и третман на цервикален канцер.

Програмата на овогодинешниот симпозиум кој имаше за цел да постигне континуирана медицинска едукација резултираше со актуелни и интересни теми (Превенција на цервикален карцином со ХПВ вакцини, употреба на магнетна резонанца во стејџинг и следење на рак на грлото на матката, стапици и мимикери, ХПВ тестирање како примарна алатка за скрининг,...) презентирани од еминентни домашни и странски предавачи (доктори од Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Грција).

Oktal Pharma d.o.o Македонија,  зема активно учество на симпозиумот,  преку стручно едукативно предавање за производот Papilocare и негова употреба во секојдневната пракса. Производот беше презентиран од Д-р Павлина Коруноска,која ги запозна учесниците со резултатите од досегашната употреба на Papilocare.

Веруваме дека преку ова стручно предавање на вистински начин го свртевме вниманието на стручната јавност за придобивките од употребата на Papilocare во секојдневието поради кои препораката на истиот е оправдана и претставува достоен избор на секој искусен гинеколог.