Во Словенија започна со работа нова специјализирана веб продавница netArnica.si

Како резултат на добрата деловна соработка помеѓу компаниите OPH Октал Пхарма ДОО Словенија, Галекс д.о.о. и Вилиндар д.о.о. креирана е нова специјализирана веб-продавница netArnica

Денешните вредности, како што се грижата за здравјето и меѓусебната поврзаност, станаа поважни од кога било досега. Затоа, ОПХ Октал Пхама ДОО Словенија го прифати предизвикот и направи чекор поблиску до реализација на својата мисија и ги направи нашите производи подостапни за крајните корисници од Словенија.
Како резултат на добрата деловна соработка, лансирана е нова специјализирана веб продавница netArnica (www.netArnica.si), која е достапна за корисниците 24 часа на ден и се карактеризира со:

  • Продажба на квалитетни производи од избрани производители на кои им веруваме,
  • Почитување на законите и принципите за транспарентност кон крајниот корисник. Бидејќи портфолиото на оваа веб-продавница опфаќа голем дел од производите кои имаат регулиран статус на медицински производи кои подлежат на посебни правила, веб-продавницата е заведена во регистарот на специјализирани продавници кои тргуваат со медицински производи, управуван од словенечката јавна агенција за Лекови и медицински помагала (ЈАЗМП).
  • Интердисциплинарен тим од експерти од областа на медицинските, фармацевтските и другите природни науки кои подготвуваат професионални содржини кои сакаат да ги поттикнат луѓето да донесуваат здрави одлуки и да се придржуваат до истите.
Деловната соработка е создадена за да се овозможи развој на бизнисот со сите деловни субјекти кои имаат иста или слична мисија. Веруваме дека специјализираната веб продавница netArnica ќе резултира со уште поголемо задоволство, не само кај крајните корисници, туку и кај нашите сегашни и идни деловни партнери.