ХИРОФОЛ 500 (CHIROFOL 500) - ГАСТРОРЕЗИСТЕНТНИ ТАБЛЕТИ

20 гастрорезистентни таблети

Хирофол 500 (Chirofol 500) е додаток на исхрана на база на D-chiro-inozitol, фолна киселина, витамин Б12 и манган кои се користат во случаи на зголемена потреба за овие хранливи супстанци или поради нивниот недостиг во исхраната.

D-chiro inositol

Инозитолите се супстанци кои вообичаено се наоѓаат во природата, а особено во житариците, оревите, мешунките и овошјето. D-chiro-inozitol се создава во човечкиот организам од мио-инозитол и е биолошки активна супстанцa, слична на витамините од Б групата, која учествува во различни метаболитички процеси кои се потrебни за правилно функционирање на организмот.

Научно е докажано дека D-chiro-inozitol-от е клучна компонента на посебниот внатреклеточен молекуларен систем кој го зајакнува инсулинскиот сигнал и така придонесува кон правилно искористување на глукозата во клетките на нашиот организам.

D-chiro-inozitol, кој е составен дел од овој производ, е од природно потекло, во концентриран облик и прочистен екстракт, добиен од рогач со посебна метода на екстракција која користи само вода како разредувач, без употреба на хемикалии кои би можеле негативно да влијаат на квалитетот на производот.

Фолна Киселина

Фолната киселина спаѓа во групата на Б витамини и е неопходна за раст и делба на клетките. Човечкиот организам не произведува фолна киселина па мораме да ја внесувааме во организмот со храната. Разновидната и урамнотежена исхрана ги исполнува дневните потреби на овој витамин (200 µg), но внесот на поголеми количини потребни во некои посебни случаи и за време на бременост можете да ги внесувате дополнително преку  додатоци на исхраната. 

Секако треба да се има на ум како фолната киселина придонесува на нормалната функција на имунолошкиот систем, нормалниот метаболизам на хомоцистеинот, намалување на заморот и исцрпеноста и нормално создавање на крвта.

Витамин Б12

Витамин Б12 придонесува за нормално функционирање на нервниот систем, нормална психолошка функција, нормален метаболизам на хомоцистеинот, нормална функција на метаболичкиот систем, намалување на заморот и исцрпеноста и нормално создавање на црвени крвни клетки.

Манган 

Манганот придонесува за нормален метаболизам на енергијата, нормално создавање на врзно ткиво и заштита на клетките од оксидативниот стрес. Најновите истражувања укажаа дека манганот и D-chiro-inozitol-от имаат синергистички ефект.

Земете 1-2 гастрорезистентни таблети дневно одеднаш. Таблетите проголтајте ги цели. Хирофол 500 (Chirofol 500) таблетите можат да се земаат во било кое време од денот.

Препорачаните дневни дози не смеат да се надминат. Додатокот на исхрана не е дополнување или замена за урамнотежена исхрана. Држете го надвор од дофат на мали деца. Важно е да се придржувате кон урамнотежена и разновидна исхрана и здрав начин на живот.                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                         
Предупредување

Не е препорачливо за деца под 3 години.

D-chiro-inozitol, регулатор на киселост: дикалциум фосфат (E341); емулгатор: микрокристална целулоза (E460), супстанца за полирање: шелак (E904); моно и ди-глицериди на масни киселини (E471); згуснувач: хидроксипропил метил целулоза (E464), умрежена Na-metil celuloza (E468); стабилизатор: поливинил пиролидон (E1201), поливинил полипиролидон (E1202); зацврснувач: силициум диоксид (E551); емулгатор: магнезиумови соли на масни киселини (E470b); бои: титан диоксид (E171); манган карбонат; стабилизатор: масни киселини (E570), цијанокобаламин; стабилизатор: триетил цитрат (E1505); регулатор на киселост: амониум карбонат (E503); бои: Patent Blue (E132), птероилмоноглутанинска киселина.

Состојки во препорачана дневна доза (= 2 гастрорезистентни таблети):

  • D-chiro-inozitol - 1000 mg 
  • фолна коселина - 400 µg 
  • витамин Б - 12 2,5 µg 
  • манган - 2,0 mg. 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

КОГА РЕПРОДУКЦИЈАТА Е ВО КРИЗА

Неопходно е да се изберат дијагностички процедури и да се препорача метод на лекување кој има највисок процент за постигнување на заедничката цел.

Дознајте повеќе

ПОЛИЦИСТИЧНИ ЈАЈНИЦИ – ПОСТОЈАНА ГРИЖА

Најчестите симптоми на синдромот на полицистичните јајници се предизвикани од хормонската нерамнотежа и покачените нивоа на машките полови хормони.

Дознајте повеќе

БРЕМЕНОСТ И ДИЈАБЕТЕС

На жените на кои им е дијагностициран дијабетес им се препорачува да ја планираат бременоста и да бидат под надзор на соодветни медицински лица кои во исто време ќе ја контролираат бременоста и ќе го регулираат дијабетесот.

Дознајте повеќе