ШТО Е ХПВ?


Хуманиот папилома вирус (ХПВ) е причина за најчеста сексуално пренослива инфекција, која може да се излечи во 90% од случаите.

Се верува дека поголемиот дел од сексуално активните лица на возраст меѓу 18 и 25 години се позитивни на ХПВ и дека во повеќето случаи инфекцијата нема никакви придружни симптоми.

Во земјите во развој, ракот на грлото на матката е најчест тип на малигнен тумор.

Се проценува дека во 2005 година, Европската унија броела 195 милиони жени на возраст над 15 години, од кои 20 милиони (10,3% од вкупниот број во оваа возрасна група) имаат истовремено некои субклинички или клинички промени поврзани со ХПВ инфекцијата .
 

КАКО СЕ ПРЕНЕСУВА ХПВ?


ХПВ се пренесува со директен сексуален контакт (анален, орален, вагинален) или со користење на лични предмети на заразено лице.

И мажите и жените можат да го имаат вирусот без никакви симптоми. Во тој случај тие се сметаат за носители на вирусот и како такви можат да го пренесат на своите сексуални партнери. Ова е причината зошто поголем број сексуални партнери носат поголем ризик од ХПВ инфекција.

Постојат групи во кои севкупната појава (преваленца) на ХПВ инфекцијата е зголемена, имено имунокомпромитирани лица (на пр. пациенти со ХИВ), лица со низок социоекономски статус, како и лица со поголем број сексуални партнери.
 

Сексуален контакт - најважниот начин за пренос на ХПВ

При сексуален однос постои можност за мало оштетување на кожата или слузокожата на интимната зона преку која вирусот продира во телото.

Исто така, постојат докази за други начини на пренос, како што се недоволно стерилизирани медицински инструменти или секс играчки.

Кондомите не штитат целосно од ХПВ инфекција

Пренос може да се случи и со употреба на кондоми бидејќи вирусот не се пренесува само преку телесни течности, туку и преку контакт со заразена кожа и слузокожа.

Кондиломите на надворешните генитални органи може да бидат причина за ширење на вирусот поради триење при сексуален однос.

Пренос од мајка на дете

Овој начин на пренос е документиран при породување во случаи кога има кондиломи во породилниот канал, што може да доведе до папиломатоза на респираторниот систем на новороденчето, но е исклучително редок и доколку постои ризик, лекарите може да препорачаат породување со царски рез.

Преносот на фетусот преку плодовата вода не е целосно разјаснет, но поради големината на ХПВ се верува дека може да ја премине плацентарната бариера и да се пренесе на плодот преку плодовата вода.

PAPILOCARE ПРОИЗВОДИ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И ПОМОШ ВО ЛЕКУВАЊЕТО НА ПРОМЕНИ ПРЕДИЗВИКУВАНИ ОД ХПВ